Потрагата по женско лице кое се фрлило во Вардар продолжува до вливот на Бабуна

Veles dekemvri malo movce
Veles dekemvri malo movce

ЦУК информира дека неговиот велешки регионален центар за управување со кризи од вчера по полноќ е во тек и координира со потрагата по женско лице од с. Сујаклари, кое од Мало Мовче во Велес, во 00.35 часот се фрлило во реката Вардар. Утрото потрагата продолжила, при што се вклучени шест пожарникари од ТППЕ Велес и девет полицајци од СВР Велес.

Zito akcija 640x289px

Синоќа, на лице место веднаш било барано телото од страна на екипа од тројца пожарникари на ТППЕ Велес и една екипа полицајци од велешкото СВР. ЦУК, преку РЦУК Велес, во координација со велешкото СВР и велешката ТППЕ има добиено информации дека телото сè уште не е пронајдено. Паралелно со итната потрага се известени сите релевантни институции – субјекти во Системот за управување со кризи (СУК), информираат од ЦУК.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Утринава во потрагата се вклучиле шест пожарникари од ТППЕ Велес и девет полицајци од СВР Велес. Се пребарува теренот низводно до вливот на реката Бабуна во реката Вардар. Телото на женското лице од с. Сујаклари коешто од Мало Мовче се фрлила во реката Вардар сè уште не е пронајдено, според досегашните информации пристигнати во ЦУК од вклучените субјекти во потрагата, известуваат од ЦУК.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: