Тешко повредена 41-годишна жена од Велес која со мопед паднала на коловоз.
Содржината продолжува под рекламата
На 14.07.2023 околу 16.05 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосница од ул.„Благој Ѓорев“ и ул.„Шефки Сали“, И.Ј.(41) од Велес, управувајќи мопед со велешки регистарски ознаки, изгубила контрола и со мопедот паднала на коловозот. Во несреќата, И.Ј. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Велес, соопштија од полицијата.
Содржината продолжува под рекламата
Увид на местото извршила екипа на СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: