Повредена е 49-годишна работничка од Велес додека извршувала работни задачи во фабрика во Велес, соопшти денеска велешката полиција.
На 27.03.2025 во 23.20 часот во СВР Велес било пријавено дека во Општа болница Велес со тешки телесни повреди била донесена Ј.А.(49) од Велес.
Според пријавеното, таа се здобила со повредите при извршување работни задачи во фабрика во Велес. Известен бил
трудов инспектор.