Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите максимални цени на горивата кои се зголемуваат за 2.50, односно 3.00 денари.
Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на максималните цени на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 8.50%.
Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 3.00 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 57.50 денари.
Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 2.50 денари и еден литар 98-октански бензин ќе чини 59.50 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото исто така се зголемува за 2.50 денар, па еден литар дизел гориво од вечерва на полноќ ќе чини 49.50 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.