36-годишен велешанец вечерва е повреден откако со неговиот мотор удрил во автомобил,кој му го пресекол патот. Сообраќајната несреќа се случила околу 20:20 часот, во близина на игралиштето во населба „Тунел“. Велешката итна медицинска помош добила повик за повреден маж.
„Мотоциклист беше повреден во сообраќајна незгода при судир со автомобил, којшто му го пресекол патот. 36-годишниот маж имаше отворени рани под брадата и на средниот прст од десната шака. Направена е тоалета, преврска и имобилизација и повредениот е транспортиран до Ургентен центар при ЈЗУ Општа болница Велес за натамошни иследувања“, рече др. Васе Панова Поп Стефанова, началник на Итната медицинска помош во Велес.
Ова е втора сообраќајка во која е повреден мотоциклист во Велес неделава. Пред два дена 32-годишен велешанец со мотор удри во автомобил на улица „Благој Ѓорев“, во близина на бутик „Бос“. Тој се здоби со тешки повреди на главата, односно скшреници на коски на череп и лице и поради сериозноста на повредите, беше префрлен на скопските клиники.
Фото: архива
Можеби ќе ве интересира: