Пожар во куќа во Башино село – еден пожарникар повреден

Pozar na stan

Вчера во вечерните часови избувна пожар во приватна куќа во селото Башино село. Според извештајот на СВР Велес, пожарот бил пријавен вчера (24.04.2025) во 20:50 часот.

Куќата што беше зафатена од пламените е во сопственост на 46-годишниот И.Д. Екипа на Територијалната противпожарна единица Велес брзо интервенирала и успешно го изгаснала пожарот.

Agria

За време на гаснењето, еден од пожарникарите вдишал чад и морал да биде пренесен во велешката болница за укажување на медицинска помош.

Екипа од СВР Велес извршила увид на местото на настанот. Причините за пожарот, како и проценката на материјалната штета, сè уште не се познати. Надлежните органи го истражуваат случајот.

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: