Освен од копно, од утринава и со воздухоплови се гасне шумскиот пожар кој од саботата беснее помеѓу селата Оморани и Степанци во Општина Чашка.
„Од рано утрово во гаснење е вклучен хеликоптерот на МВР МИ-171, а од 10 часот во негово гаснење се вклучи и ‘ертрактор’ на Дирекцијата за заштита и спасување“,информираат за МИА од Регионалниот центар за управување со кризи Велес.
Во гасење на пожарот од утринава се вклучени и пет лица од Општина Чашка, десет вработени од ШС „Бабуна“ од Велес и 20 припадници на Армијата.
Како што за МИА информира директорката на велешката подружница „Бабуна“ на ЈП „Национални шуми“, Жаклина Гушева, пожарот бил пријавен во саботата попладне, а нивни вработени од вчера се вклучиле во негово гаснење. Вчера правеле пресеки на теренот за да се спречи ширењето на пожарот и да ги спасат манастирите.
Можеби ќе ве интересира: