Велешката судијка Наташа Мишева е разрешена од функцијата поради тоа што за неа во кавадаречкото обвинителство е отворена постапка по две кривични пријави за злоупотреба на службена положба. Имено, таа издала правосилна и извршна пресуда, која била спроведена во Катастарот, иако за неа имало жалба во Апелациониот суд Скопје и пресудата била преиначена, објави порталот „Сведок“.
Оштетена страна била позната фаремацевска компанија, која всушност ја поднела кривичната пријава против Мишева и побарала надомест на штета за парите, што биле платени како данок на општината.
Текстот продолжува под рекламата
Покрај ова, по дојава на Катастарот, се утврдило дека имало уште една таква пресуда, па била иницирана и друга постапка.
„Поради наводна непристрасност, велешкото обвинителство незаконски побара изземање и предметот е префрлен во ОЈО Кавадарци“, пишува порталот „Сведок“.
По неколку месечна истрага и мислење на Основниот суд Велес, Апелациониот суд во Скопје и на предлог на Комисија во Судскиот совет, Судскиот совет ја разреши Мишева, и ја суспендираше од функцијата до завршување на постапката по жалба, која може да се поднесе до Советот за жалби во Врховниот суд.
Наташа Мишева беше избрана за судијка во Основниот суд Велес во 2011 година, а одлучуваше по предмети од граѓанска област.
Можеби ќе ве интересира: