Премиера на „Галеб“ од Чехов вечерва во велешкиот театар

Galeb prestava teatar

Вечерва од 20 часот, на сцената на Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, премиерно ќе биде изведена претставата „Галеб“ од рускиот драматург Антон Павлович Чехов, во режија на Александар Ивановски.

Ова е трета премиера на велешкиот театар годинава, со која публиката ќе има можност да се нурне во длабоката и емоционално набиена драма што го истражува човечкото постоење, минливоста на животот, несреќните судбини и невозвратените љубови. Чехов преку ликовите создава синџир од човечки приказни – луѓе кои не можат, или не знаат, како да се справат со животните околности што ги притискаат.

Agria

Актерската екипа што ќе го оживее овој класичен текст вклучува: Славица Манаскова, Филип Христовски, Благојчо Стојанов, Сандра Танчев, Кире Ацевски, Симона Димковска, Јана Лефкова, Исидор Јовановски, Јордан Витанов и Фаик Мефаиловски.

„Галеб“ се смета за едно од најзначајните дела на Чехов и на светската драматургија, и со оваа нова продукција, Велешкиот театар уште еднаш потврдува дека останува посветен на негување на класичната уметничка мисла и современиот театарски израз.

Премиерата ветува вечер исполнета со длабока емоција, силни актерски интерпретации и драмска сила што остава траен впечаток.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: