Во рамки на драмската програма на „Охридско лето“ вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Едвард Втори“ работена според текст на Кристофер Марлоу, копродукциски проект на НУЦК Театар „Јордан Х.К. Џинот“ од Велес и Драмскиот театар „Н.О. Масалитинов“ од Пловдив, Бугарија.
Содржината продолжува под рекламата
„Станува збор за претстава со исклучително вредна авторка и актерска екипа, продукција помеѓу Велешкиот театар и Театарот Масалитинов од Пловдив, Бугарија.Макотрпно работевме цели два месеци во услови и на начини кои ги надминуваат рамките на она што досега за мене било поимање на создавањето театарски претстави, преку еден навистина интензивен, многу жесток процес преку кој стигнуваме до завршен резултат поразличен од сето она што нашиот театар досега го продуцирал пред сѐ“, изјави на прес конференцијата директорот на Велешкиот театар, Сашо Димоски.
Содржината продолжува под рекламата
Главниот лик Едвард Втори е поделен на две улоги кои истовремено ги реализираат двајца актери, Илин Јованоски и Бугаринот Борис Крстев. Главната женска улога, која воедно е и перспективата од која се гради целата претстава, ѝ е доделена на Јована Миладинова, која дебитира на театарските штици.
Можеби ќе ве интересира:
.