
На 24.07.2024 во 14.25 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода А.Т.(26) од Велес.
Текстот продолжува под рекламата
„При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш, семки од канабис, растение канабис сатива, дигитална вага и пари во различни валути и апоени“, соопштија од СВР Велес.
Текстот продолжува под рекламата
А.Т. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и против него е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
Можеби ќе ве интересира:
- Велешанецот Кристијан Смилев знаменосец и гордост на Македонија на ЕМОФ 2025
- Тинејџери повредени во сообраќајка кај Бузалково – 16-годишник управувал со „БМВ“
- Приведен маж од велешко село поради семејно насилство – ја нападнал сопругата во нивниот дом
- Под контрола ставен пожарот кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци
- Сончево со мала до умерена локална облачност