Секторот за внатрешни работи Велес, Отсек за превенција во претстојниот период планира повеќе средби со раководствата на планинарските друштва од подрачјето со превентивно-едукативна цел и намена, како дел од планираните активности.
Денеска во село Мрежичко се одржа првата ваква средба со раководството на Планинарското друштва „Орле“, во кое членуваат над 100 љубители на планинските предизвици, a на која претставниците од Отсекот за превенција на СВР Велес поблиску ги запознаа со насоките за безбедно планинарење и за тоа, што и како треба да направат пред да ги реализираат нивните активности. На присутните, исто така, им беше објаснето дека пожелно е однапред да ги пријавуваат планинарските тури и точните локации каде планираат да се движат, застануваат или преноќуваат.
Содржината продолжува под рекламата
Ова, посебно кога турите се изведуваат во зимски услови и кога планинарите, домашни или странски, недоволно го познаваат теренот за движење. На тој начин ќе се придонесе побрзо да се лоцираат при евентуални проблематични ситуации по нивната безбедност. Целта на овие насоки и укажувања, односно на тековните и идни активности со планинарите од Тиквешијата е да се придонесе да се намалат повремените заталкувања на поединци-планинари или љубители на разните екстремни спортови, какви што се случуваа минатата и оваа година.
Покрај едукативната работилница со членовите на планинарското друшто, во соработка со преставници од Дирекцијата за заштита и спасување и ППЕ од Кавадарци беше изведена показна вежба за спуштање и качување од карпа, а истовремено беа заеднички извидени и планинарските патеки и пештери кои се често посетени од љубителите на планинарските спортови, а професионални водичи на планинарското друштво дел од нивната опрема која ја користат при планинарење, но и различни спасителни мисии.
Можеби ќе ве интересира: