Секторот за внатрешни работи Велес информираше дека во текот на вчерашниот ден бил лишен од слобода 48 годишен маж, кој бил пријавен дека физички ја нападнал својата ќерка.
„На 07.08.2022 година во 22.00 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Г.Ј.(48) од велешко, постапувајќи по пријава според која по кратка вербална расправија во семејната куќа физички ја нападнал неговата ќерка“, информираа од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Тој бил приведен во Полициска станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: