На 17.09.2023 во 17.10 часот во Велес од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода А.К.(41) од с.Горно Оризари, велешко. Тој се сомничи дека во периодот 16/17.09.2023 од гаража во Велес одзел патничко моторно возило „цитроен ц3“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на А.Д.(60) од Велес и електричен алат.
Содржината продолжува под рекламата
Покрај ова, пред продавница во Велес тој, лажно претставувајќи се како полициски службеник, од К.П.(50) од Велес одзел мобилен телефон и паричник со лични документи, банкарски картички и клучеви од неговиот дом, а потоа влегол во неговиот дом во Велес и извршил пребарување но не одзел ништо, а од пред куќа во Велес одзел мотоцикл „лонгија“ без регистарски ознаки, сопственост на Р.К.(45), кој подоцна е пронајден во близина на угостителски објект во Велес.
Содржината продолжува под рекламата
По издадена судска наредба од Основен суд Велес, полициски службеници извршиле претрес во
домот на А.К., при што била пронајдена банкарска картичка на име К.П. и други предмети кои потекнуваат од кривичните дела и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветeн поднесок.
Можеби ќе ве интересира: