Синоќа во 20.00 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Велес го лишиле од слобода Е.А.(33) од Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Тој се сомничи дека од со употреба на сила и алат влегол во домот на 84 – годишен велешанец и одзел предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Е.А. бил приведен во полициска станица.
Содржината продолжува под рекламата
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: