Прогласени најдобрите на меѓународниот стрип конкурс „Велес 2024“

Во просториите на ЈУРОП ХАУС во Велес , синоќа на 21.08 се одржа свеченото отварање на 21 мегународен стрип салон и 6 та Стрип колонија “ ВЕЛЕС 2024“ во организација на Македонскиот стрип центар од Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Меѓу останатото, беа доделени награди на најдобрите од традиционалниот мегународен стрип конкурс. Од рекордни досега 351 автори, стручното жири и организаторот ги додели следните награди:

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Првата награда „Златен стрип“ ја доби стрипот „РЕВОЛВЕР “ НА Војдан Андонов(сценарио) и Цанко Стефанов (цртеж) МАКЕДОНИЈА. Втората награда ја доби стрипот „ВЕРА И НЕВЕРА“  на авторите: Марко Стојановиќ( Сценарио) Милан Јовановиќ и Дражен Ковачевиќ (поставки) , Владимир Алексич(цртеж) и Аљоша Томиќ(колор) Србија, и третата награда ја доби стрипот „КОЦКАЊЕ СО ЖИВОТ’ на авторите : Никола Видачковиќ(сценарио) и Драган Павасовиќ(цртеж) Србија.

Наградата најдобар стрип од македонски автори ја доби „СИ БЕШЕ ЕДНАШ ЕДЕН ЧОВЕК“  на авторите : Александар Стеванов(сценарио) и Дарко Богданов(цртеж). Награда за најдобро сценарио АНАЛИЗА НА СМРТТА“ –Марко Стојановиќ, Србија, додека наградата за најдобара уметнички израз и припадна на “STARGAZER 256” Даша Конопатова , Русија.

Активностите на оваа стрип манифестација, најзначајна во сферата на 9 уметност кај нас продолжуваат до 25.08 со организирање на Стрип колонијата. Истата се организира со Финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам на Македонија и Општина Велес.

Можеби ќе ве интересира: