На 17.05.2024 во 16.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од
слобода лице Е.Р.(44) од Велес, извести СВР Велес.
Текстот продолжува под рекламата
„Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а од Кривичниот законик“ соопштија од СВР Велес.
Текстот продолжува под рекламата
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Можеби ќе ве интересира: