Приведен возач во Велес со 2,28 промили алкохол во крвта

Policija pijani vozaci

Ноќеска околу 01:50 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле 27-годишниот Д.В. од Велес, откако кај него било утврдено присуство на високо ниво на алкохол во крвта додека управувал моторно возило.

При редовна контрола на патниот сообраќај, полицијата го запрела патничкото возило марка „БМВ“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Д.В. По извршен алкотест, било утврдено дека возачот има 2,28 промили алкохол во крвта.

Agria

Лицето веднаш било исклучено од сообраќај и приведено во полициската станица. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, по член 297-а од Кривичниот законик.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: