Велешката олицијата приведе 27-годишен жител на велешко село поради насилство врз неговата вонбрачна партнерка.
„На 02.01.2025 во 13.10 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Х.(27) од велешко село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 45-годишна вонбрачна партнерка од Велес, дека во нејзиниот дом каде заедно живееле, тој и се заканувал и физички ја нападнал. С.Х. бил приведен во полициска станица“, информираа од СВР Велес.
За настанот известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.