Двајца велешани се приведени откако при рутинска контрола на нивното возило од страна на полициските службеници биле пронајдени куршуми за пиштол со калибар 7.65мм во нивното возил оинформираат од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
„На 02.07.2022 во 23..15 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Н.Л.(28) и Ј.Б.(25), двајцата од Велес, затоа што при преглед во возило „фиат панда“ со велешки регистерски ознаки, во кое се превезувале биле пронајдени четири куршуми за пиштол со калибар 7.65мм“, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Содржината продолжува под рекламата
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: