
Во атарот на село Горно Јаболчиште во општина Чашка, приведен е маж кој бил баран со потерница поради убиство и предизвикување општа опасност, јави МВР.
“Секторот за меѓународна соработка – Отсек за потрага во атарот на село Горно Јаболчиште општина Чашка, го лиши од слобода е Ф.Д. (31) од с. Горно Јаболчиште. Лицето се барало по распишана централна и меѓународна потерница од Основен суд Велес за сторено кривично дело „убиство“ по чл.123 ст.1 в.в.чл.19 и „Предизвикување на општа опасност“ по чл.288 од КЗ на РСМ, за издржување на казна затвор од пет години и три месеци во КПД Идризово”, соопшти МВР.
При преглед кај мажот пронајдени се прашеста материја и марихуана, додаваат од полицијата
Можеби ќе ве интересира:
