Тело на маж со прострелна рана во главата е пронајдено вчера во кругот на велешката болница. Телото го забележал вработен во обезбедување околу 14:30 часот, во близина на центарот за дијализа
Засега нема информација дали се работи за убиство или самоубиство. Од велешката полиција го потврдија настанот, без да дадат детали за случајот.
Содржината продолжува под рекламата
“На 11.12.2022 околу 14.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во кругот на Општа болница Велес било пронајдено тело на починат 74 – годишен маж. Лекар од болницата констатирал смрт со прострелна рана од огнено оружје. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција”, рече Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Извори за Батали.нет откриваат дека починатиот бил пациент во болницата и кој најверојатно извршил самоубиство. Сепак, обвинителството ќе утврди дали постојат елементи за отворање истрага за убиство.
Можеби ќе ве интересира: