Вчера во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода 30-годишната М.А. и 34-годишниот П.Т., двајцата од Велес, информираа од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
„При претрес во домот на М.А., каде бил затекнат П.Т., извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со темно кафеава течност, додека при личен преглед кај М.А. била пронајдена и одземена марихуана“, соопшти СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: