Инспектори за странци при Регионалниот центар за Гранични работи Југ во координација со Државниот инспекторат за труд при контрола на градилиште во Велес пронашле шест странски работници кои работеле без дозвола.
Содржината продолжува под рекламата
„На 05.04.2023, инспектори за странци при Регионалниот центар за Гранични работи Југ во координација со Државниот инспекторат за труд извршија контрола на градилиште во Велес. При контролата биле затекнати три турски, двајца албански и еден косовски државјанин, кои работеле како градежни работници на објектот без да поседуваат работни дозволи. Државниот инспекторат за труд презел соодветни мерки кон изведувачот на работите на градилиштето“, соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Странските државјани биле изведени пред судија за прекршоци, кој на пет лица им изрекол парични глоби и по една година протерување и забрана за влез во државата, додека на еден турски државјанин парична глоба и две години забрана за влез затоа што веќе имал активна забрана за влез.
Можеби ќе ве интересира: