Рано утринава во 4 часот е локализиран пожарот што избувнал синоќа во фабриката за прехранбени производи „Мирана“ во Велес, информира Центарот за управување со кризи.
Според првичните сознанија од СВР Велес, гореле магацин, во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друга опрема и канцелариски простории во кои настрадале документација и други материјали.
Во гасењето на пожарот учествувале пожарникари со три противпожарни возила од велешката противпожарна, едно возило од Јавното комунално претпријатие „Дервен“, две специјални пренаменети возила на Дирекцијата за заштита и спасување, а на терен биле присутни и шест полициски службеници од СВР Велес.