СДСМ денеска ќе објави уште неколку кандидати за градоначалници

Izbori-glasa-e
Izbori-glasa-e

СДСМ за денеска најави дека ќе ги објави преостанатите кандидати за градоначалници за локалните избори на 17 октомври. Така минатата недела соопшти лидерот на партијата Зоран Заев. Сепак, не секаде кандидатите се усогласени, па можно е на објавувањето на целата листа на кандидати за градоначалници да се чека до 30 август, кога е крајниот рок за собирање потписи за независни кандидати.

Zito akcija 640x289px

Познато дека во трката за Град Скопје повторно ќе биде актуелниот градоначалник Петре Шилегов, за Охрид кандидат ќе биде Костадин Ѓорѓиевски, Перо Костадинов- Валандово, Велимир Смилевски – Бутел, Филип Темелковски – Кисела Вода, Миликие Халими за Арачиново, Благојчо Шапов за Богданци, Зоран Зимбаков за Босилово, Маријан Јанев за Василево, Сашо Јанквоски за Вевчани, Ивица Димитров за Виница, Роберт Бешовски за Градско, Горан Трајковски за Делчево, Лазе Петров за Демир Капија, Анго Ангов за Дојран, Борче Гиевски за Зелениково, Јордан Насев за Карбинци, Благојчо Илиев за Конче, Томе Христовски за Крушево, Аце Велковски за Лозово, Медад Куртовски за Маврово-Ростуше, Љубе Кузмановски за Новаци, Елизабета Зелениковска за Петровец, Славчо Пандурски за Пехчево, Драган Анастасов за Пробиштип, Живко Гошаревски за Ресен, Стојан Николов за Росоман, Жаклина Јовановска за Старо Нагоричане, Горан Стојановски за Чашка и Сашко Николов за Штип, за Неготино – Тони Делков, Гази Баба – Борче Георгиевски, Могила – Јасмина Гулевска, Берово – Звонко Пекевски, Ранковце – Даниел Крстевски.

Agria

Се очекува денеска да биде познат и кандидатот на СДСМ во Велес кој ќе биде противкандидат на Марко Колев од ВМРО- ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: