64 годишен велешанец во семејниот дом физички ја нападнал својата сопруга и син. По реакција на велешката полиција таткото и синот се приведени.
„На 22.09.2022, полициски служебници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.Т.(64) и В.Т.(37) од Велес. Во семејниот дом во Велес, Т.Т., по кратка расправија физички ја нападнал неговата сопруга, а потоа физички се пресметал и со неговиот син В.Т., соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Двајцата се задржани во Полициската станица Велес за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: