Семејни и соседски кластери на ковид-19 се шират во населени места околу Велес

Veles crkva

Состојбата со коронавирусот во Велес се смирува, но нема простор за опуштање. Ова е оценката на Општинскиот кризен штаб, кој утрово одржа состанок, на кој ја разгледуваше актуелната ситуација со ковид-19 во Велес. Поради широката распространетост на вирусот низ градот, кластери не можат да се лоцираат, но нив ги има во неколку околни места.

Zito akcija 640x289px

„Има промени на дневна основа, но вирусот е распространет широко и затоа не може да се лоцираат кластери со исклучок на семејни и соседски жаришта што се појавија во Горно Оризари, Мелница и Градско. Од податоците што ни се во моментов достапни денес се регистрирани 30 нови оздравени лица“, рече градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција.

Agria

Притисокот попушта речиси во сите здравствени институции каде се третираат и лекуваат пациенти заразени или сомнителни на Ковид-19. Во болницата моментално има 20 слободни места, а во моментов се завршуваат градежните зафати околу модуларната Ковид болница што ќе биде поставена на хелиодромот над инфективното одделение на велешката болница.

Нема решение за проблемот со тријажниот центар, кој се уште не е отворен. На него инсистираат матичните лекари, а во него би требало да се третираат сите сомнителни пациенти на Ковид-19, без да доаѓаат во контакт со останатите пациенти кои доаѓаат во здравствените амбуланти.

„Се уште нема конкретно решение за тријажниот центар. Се состанале директорите на јавните здравствени институции и матичните лекари но нема решение. Потребно е внимателно да се анализира ситуацијата бидејќи за отворање на таков ценатр се потребни дозволи од министерството за здравство и санитарно-здравствениот инспекторат“, рече Коцевски.

Во Велес вкупно се регистрирани 2127 заболени од Ковид-19, од кои 1297 се оздравени а 761 се активни. Од овие граѓани, 691 се позитивни и се на домашно лекување, 63 се лекуваат на инфективното одделение во Општа болница Велес, еден на торакална хирургија и шестмина во приватни клиники. Досега како последица на Ковид-19 во Велес починаа 69 пациенти.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16306/horor-vo-kavadarczi-starecz-so-godini-ja-neguval-bolnata-sopruga-pa-ja-iskasapil-i-se-samoubil/