Велешката полиција уапсила тројца скопјани, кај кои пронашла пиштол без дозвола. Настанот се случил во вторникот, на автопатот Велес – Скопје, на наплатната станица „Отовица“.
Полицијата сопрела возило марка „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски таблички и по претрес на возилото, кај возачот А.Б (26) бил откриен пиштол марка „Берета“ кој го поседувал без дозвола. Во возилото се наоѓале уште двајца сопатници, Р.Ј. (24) и Б.В. (23) и двајцата од Скопје.
Пиштолот е одземен, а по целосно документирање на случајот полицијата ќе поднесе соодветна пријава.