84-годишен старец од Скопје се здобил со изгореници од пожарот на сува трева во дворот од неговата куќа во село Оморани. Со пожарот тој предизвикал општа опасност за граѓаните.
На 09.08.2024 во 11.20 часот во СВР Велес, било пријавено дека М.Б.(84) од Скопје предизвикал општа опасност во село Оморани, општина Чашка, во дворното место од неговата куќа била опожарена сува трева. М.Б. од пожарот се здобил со изгореници констатирани во Општа Болница – Велес, информираа од СВР Велес.
Увид бил извршен од увидна екипа од СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: