Крводарителите од Велес одново ја покажаа нивната хуманост. На традиционалната крводарителска акција по повод Денот на Општина Велес, која се одржа во просториите на велешкиот театар, даруваа вкупно 180 крвни единици. Ова е рекордна бројка.
Акцијата заеднички ја реализираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, заедно со Мото клубот Носачи на крстот и Општина Велес.
На денешната акција учество зедоа четворица волонтери од Клубот на млади при Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес.