Физички напад помеѓу двајца велешани се случил вчера кај велешка бабуна. Според пријавителот причина за нападот била што едно од говедата влегло во дворот на неговата импровизирана куќарка
„На 27.04.2024 во СВР Велес, И.И.(56) од Велес пријавил дека додека напасувал говеда во
место викано „Бабуна“ во Велес бил физички нападнат со дрвен предмет од Ж.К. од Велес.
Според пријавеното, причина за нападот била што едно од говедата влегло во дворот на
неговата импровизирана куќарка“, велат од СВР Велес.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: