
Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 55 пациенти, што е за еден пациент помалку од вчерашниот ден. 41 имаат позитивни тестови, пет пациенти се сомнителени на вирусот, а девет пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 26 пациенти.
На инфективното оддееление се сместени 24 пациент, во Модуларната болница има 23 пациенти и на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат осум пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
Во текот на вчерашниот ден двајца нови пациенти се хоспитализирани поради компликации од ковид-19. Во последните 24 часа испишани се четири пациенти со по еден негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: