Спомен Костурницата во Велес обележана на туристичката рута како бруталистичка архитектура

Три инфо табли и шест патокази се поставени во градот и пред влезот на Спомен – костурницата во Велес за обележување на монументалниот објект. Податоците за костурницата се напишани на три јазици, македонски, англиски и германски.

Zito akcija 640x289px

Поставувањето на инфо таблите и патоказите е дел од проектот, спроведен од страна на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ со кој се опфатени голем број споменици од бруталистичка архитектура во државата.

Agria
20201109_094149

Спомен – костурницата на паднатите борци од Народно-ослободителната борба се наоѓа во непосредна близина на автопатот „Пријателство“ и претставува идеална можност за попатна пауза.

Со доброволни прилози собрани од жителите на Велес, споменикот е изграден во 1979 година. Автори на ова грандиозно дело се архитектот Саво Суготин, скулпторот Љубомир Денковиќ и сликарот Петар Мазев.

20201109_105024

Формата на споменикот претставува распукан афионов цвет, што го симболизира раѓањето на новото време. Внатрешноста на споменикот е претствена преку мозаикот на Петар Мазев, што претставува композиција од пет слики на кои е прикажана историјата на македонскиот народ почнувајќи од турскиот, па сè до повоениот период. Тој е најголем мозаик во државата кој се протега на површина од 220 метри квадратни.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: