СВР Велес информира дека 24-годишниот велешанец А.М поради должничко-доверителски односи бил нападнат од Р.А.
„На 07.01.2024 година во 13.00 часот А.М.(24) од Велес пријавил дека околу 12.30 часот на
улица „Петре Прличков“ во Велес, бил физички нападнат од Р.А. Според пријавеното,
причина биле меѓусебни должничко-доверителски односи“, велат од СВР Велес.
Од таму информираат дека веќе се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Можеби ќе интересира: