Денес на ден 06.12.2023 ССОУ,, Коле Неделковски,, отиде еден чекор напред. Имено, денес свечено се отвори нов Кабинет за практична настава по угостителство. За новиот изглед, најголема заслуга има донацијата, која преку Еколошкото здружение „Тополка“ Германската амбасада несебично помогна во реализацијата на изведбата на истиот при набавка на опрема во крупен инвентар на износ од 11540 еур.
„Многу сум среќен што можевме да го помогнеме финансирањето на опремувањето на овој кабинет, училишна кујна. На овој начин помагаме во стручното образување на новите кадри. Ова училиште неколку години има одлучна соработка со Германската стопанска комора која има седиште во Скопје, тоа е партнерско училиште во проектот за стручно образование. Тоа се индустриска мехатроника и техничар за производно машинство. Учениците освојуваат т.н. меки вештини, што им овозможуваат да отвораат сопствени бизниси. Стекнување на знаења, не е важно само за ученикот туку и за заедницата, државата, бидејќи придонесува за земјата стане дестинација за странски инвестиции“ – кажа Доменик Куберлинг, од германската амбасада во Скопје.
Голем придонес исто така, даде и ССОУ „Коле Неделковски“ со целосна набавка на ситен инвентар. На овој настан присуствуваа претставници од економскиот сектор на Германската амбасада Доминик Кеберлинг и Марина Серафимовска , како и наши драги и почитувани гости.
Уште еднаш, голема благодарност до претставниците на Германската амбасада изјавија директорката на ССОУ „Коле Неделковски“ Весна Стојанова Богоевска како и професорите Горан Богоевски и Кристина Пачукова, дипломирани менаџери по туризам и угосителство како и претставници на Еколошкото здружение „Тополка“.
„Овој нов кабинет значи подобрување на условите за пракса на учениците. Вештините кои тука ќе ги стекнат се барани на пазарот на трудот, им се отвора можност на учениците и за само вработување. За оваа насока имаме најголем интерес, тоа е дуална паралелка, поврзана со социјални партнери“ – кажа Весна Стојанова Богоевска, директорка на Коле Неделковски.
Учениците од оваа струка, со нетрпение го очекуваат обавувањето на практичната настава во новиот кабинет.
„Кога едуцирате една личност, можете да промените живот, кога образувате многумина, можете да го промените светот“.
Можеби ќе ве интересира: