Полицијата вчера казни 59 велешани кои не носеле маски. За истиот прекршок во Кавадарци се изречени 10 казни, а во Неготино 14 граѓани кои не носеле маски, ќе мора да платат глоба од 20, односно 10 евра.
„Во период 12./13.10.2020 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети сe 83 лица, и тоа, 59 во Велес, 10 во Кавадарци и 14 во Неготино.“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Казните се изрекуваат според член 6 став 1 од Уредбата за носење на лична заштита на лицето.
Можеби ќе ве интересира: