Полицијата вчера казни 82 велешани кои не носеле маски. За истиот прекршок во Кавадарци се изречени пет казни, а во Неготино 19 граѓани кои не носеле маски, ќе мора да платат глоба од 20, односно 10 евра.
„Во период 18./19.10.2020 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети сe 106 лица, и тоа, 82 во Велес, пет во Кавадарци и 19 во Неготино“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Казните се изрекуваат според член 6 став 1 од Уредбата за носење на лична заштита на лицето.
Можеби ќе ве интересира: