Полицијата вчера казни 31 велешани кои не носеле маски. За истиот прекршок во Кавадарци се изречени 15 казни, а во Неготино седум граѓани кои не носеле маски, ќе мора да платат глоба од 20, односно 10 евра.
„Во период 01./02.09.2020 за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети сe 53 лица, и тоа, 31 во Велес, 15 во Кавадарци и седум во Неготино“, соопшти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Казните се изрекуваат според член 6 став 1 од Уредбата за носење на лична заштита на лицето.
Можеби ќе ве интересира: