
Денеска земјава одбележува точно една година од првиот потврден случај на Ковид-19. Стануваше збор за пациентка која околу 3 часот по полноќ била хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје.
Заразената пациентка родена 1970 година, еден месец престојувала во Италија, а две недели била болна. Првично се лекувала во италијанска болница, но таму не била тестирана за коронавирус. Непосредно по пристигнувањето во земјава, таа се упатила на Инфективната клиника.
Годината ја окарактеризираа вонредни мерки, карантин во хотели при влез во земјава, забрана за патување и напуштање на домот, промена на работната динамика и начинот на работа во компаниите, како и постојани апели за носење маска, држење дистанца и негрупирање.
Една година потоа од почетокот на епидемијата билансот на заразени пациенти изнесува 101.214 лица, а бројката на починати пациенти изнесува 3.111 лица.
Можеби ќе ве интересира: