Денеска (23.05.2024) во 16.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје-Неготино во атар на село Башино Село, велешко, патничко возило со национални регистарски ознаки на Р.Грција, управувано од Л.К. 43-годишна од Гевгелија, излетало од коловозот.
Текстот продолжува под рекламата
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.И.(73) од Гевгелија сопатничка во возилото, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.И.(79) од Гевгелија, констатирани во болницата во Велес.
Текстот продолжува под рекламата
Поради случената сообраќајна незгода сообраќајот на автопатотот времено беше пренасочен низ Велес. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: