Велешката полиција уапси 40 годишен велешанец кој извршил кражба од куќа на улица Кочо Рацин во Велес.
„На 06.03.2023 во 01.05 часот, полициски службеници од Полициската станица Велес го лишиле од слобода Е.Ќ.(40) од Велес. Тој се сомничи дека во периодот од 20.01.2023 до 07.03.2023 со употреба на сила влегол во куќа на улица „Кочо Рацин“ во Велес и одзел повеќе предмети“, соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: