Полициски службеници од СВР Велес во текот на вчерашниот ден уапсиле 43-годишен велешанец. При претрес во неговиот дом биле пронајдени две дигитални ваги и марихуана.
„На 24.12.2022 во 12.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Ш.(43) од Велес, поради тоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дигитални ваги“, соопштија од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Од таму информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: