Секторот за внатрешни работи Велес, соопшти дека вчера бил уапсен бегалец од затвор „Идризово“ кој бил баран со потерница.
„На 19.03.2025 во 05.00 часот , полициски службеници од СВР Велес го привеле А.Р.(23) од Велес, поради бегство од Казнено поправна установа – затвор Идризово“, информираа од СВР Велес.
А.Р. бил спроведен во установата, за доиздржување на казната.