Полициски службеници од СВР Велес во саботата околу 16:10 часот го привеле Б.Ј. (45) од Велес, откако бил пријавен за обид за кражба од семеен дом.
Според информациите на МВР, пријавата ја поднел Г.С. (50) од Велес, кој навел дека осомничениот со употреба на сила се обидел да ја отвори балконската врата од неговиот дом. Кога не успеал, Б.Ј. од терасата зел кутија со предмети за домаќинство. Г.С. го забележал настанот, реагирал навреме и успеал да го задржи осомничениот до пристигнувањето на полицијата.
На местото на настанот излегла увидна екипа од СВР Велес, а за случајот бил известен и надлежен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против Б.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава. Истражните постапки се во тек.