Ученици и наставници од музичкото училиште „Стефан Гајдов“ со највисоки признанија на фестивалот „Аngel Voice“ во Белград

Trajko mMalinot muzicko uciliste

На Интернационалниот натпревар по инструментална музика „Angel Voice“  кој од 23 до 26. септември годинава се одржа во Белград, ученици и наставници од ООМУ „Стефан Гајдов“ од Велес се здобија со највисоки признанија.

Zito akcija 640x289px

Ученичката Даниела Теова освои Гранд При во категорија инструментална музика, во дисциплината пиано, со освоени максимум 100 бода. Ученикот Огнен Ристов од истото училиште во дисциплина пиано го освои првото место, двајцата во класата на професорот м-р Илија Настовски.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Христојан Саздовски, Андреј Бошков, Стефан Николовски, Давид Николов и Петар Петрушев се ученици од класата на традиционални инструменти, односно Оркестарот на народни инструменти од ООМУ „Стефан Гајдов“ во класата на м-р Трајче Малинов. Тие се претставија со две фолклорни композиции и освоија 100 поени во дисциплина камерна музика.

Во склоп нa фестивалот „Аngel Voice“, м-р Илија Настовски кој беше и претседател на меѓународното жири oдржа свој солистички концерт и доби специјално признание од светската организација на фестивалот WAPA и Здружението за борба против карцином кај децата THALIA од Белград.

Професорот м-р Трајче Малинов кој исто така беше член на ова жири на фестивалот, доби признание за високи педагошки постигнувања и покана за промоција на неговата книга „Ало Тончов-Бардот на Велешката чалгија“.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: