Уште еден смртен случај во велешката болница, се повеќе пациенти на кислород

Veleska bolnica 997x485
Veleska bolnica 997x485

69-годишен маж од Свети Николе почина денеска во велешката болница како последица од компликации со ковид-19. Тој бил хоспитализиран пред два дена, имал позитивен тест на коронавирус и бил во тешка состојба.

Zito akcija 640x289px

Бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19 или сомнителни случаи во велешката болница денеска изнесува 77. Од нив, 63 се со потврден позитивен тест, 11 се сомнителни случаи, а тројца се со негативен тест. Вкупно 23 пациенти се со потешки симптоми на вирусот и добиваат кислородна поддршка. На инфективното одделение се лекуваат 50 пациенти, на интерното одделение има 13, а на одделението за физикална терапија 14 пациенти.

Agria

Од почетокот на пандемијата се заразија 1313 велешани, од кои 538 ја добија битката со коронавирусот, а 39 починаа. Во моменто има 736 активни случаи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: