Уште еден велешанец ја изгуби битката со ковид-19

bolnica veles
bolnica veles

Уште еден пациент од Велес ја изгуби битката со коронавирусот. Починат е 73 годишен велешанец. Тој е 112 жртва на ковид-19 од градот.

Zito akcija 640x289px

Голем број на оздравени велешани се во ковид статистиката на Министерството за здравство. Денес се регистрирани дури 74 оздравени од коронавирусот. Сепак бројката на новозаразени е повторно висока. Денес се регистрирани 20 новозаразени пациенти, бројот на активни случаи во градот е 223.

Agria

Министерството за здравство информира (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие е потврден 721 нов случај на Ковид-19. Регистрирани се 357 случаи во Скопје, 72 во Прилеп, по 42 во Кавадарци и Гевгелија, 30 во Неготино, 26 во Охрид, 20 во Велес, 18 во Гостивар, 17 во Куманово, 16 во Битола, 12 во Кочани, десет во Крушево, осум во Струга и по седум во Штип и Богданци.

Потоа, пет случаи на Ковид-19 се регистрирани во Крива Паланка, по четири во Кичево, Ресен и Валандово, по три во Тетово и Виница, по два во Струмица, Делчево, Демир Капија и Пехчево и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Свети Николе, Радовиш, Пробиштип, Кратово, Македонска Каменица и Дојран.

Регистрирани се 1.753 оздравени пациенти, починале девет лица, односно, тројца пациенти од Скопје на 85, 80 и 69 години, двајца од Куманово на 81 и 74 години и по еден од Прилеп на 75 години, од Велес на 73 години, од Крива Паланка на 73 години и од Валандово на 71 година. Осум пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 105.269, бројката на оздравени пациенти е 93.942, на починати е 3.165, а бројот на активни случаи изнесува 8.162.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: