Полициски службеници вчера вечер уапсиле 47-годишен велешанец затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи.
Содржината продолжува под рекламата
„На 25.02.2024 во 22.30 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Велес, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообракај Велес го лишиле од слобода Р.Ш.(47) од Велес затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи“, информираа од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Р.Ш. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: