Велешанец почина од ковид-19, продолжува трендот на намалување на хоспитализирани во велешката болница

Veleska bolnica 997x485

Велешанец на 67-годишна возраст, кој имал потврден позитивен тест на коронавирус, почина синоќа околу 21 часот во велешката болница. Тој е 65 жртва на коронавирус во Велес од почетокот на пандемијата.

Zito akcija 640x289px

Во меѓувреме, продолжува трендот на намалување на бројот на пациенти со ковид-19 во болницата во Велес. Оттаму денеска информираат дека вкупно 63 пациенти се хоспитализирани на трите одделенија, што е за двајца помалку од вчера. Од нив, 55 имаат потврдени позитивни тестови, тројца се сомнителни и петмина пациенти имаат негативни тестови. Кислородна поддршка добиваат 22 пациенти. На инфективното оддечение денеска има 45 пациенти, на одделението за физикална терапија 13, а на интерното одделение, поради коронавирус се лекуваат пет пациенти.

Agria

Од почетокот на пандемијата 1943 велешани се заразија со вирусот, од кои 1153 се излекувани, а 726 се се уште активни случаи.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16137/video-borecz-i-so-igrach-poveke-zagubi-od-renova/